среда, 4 декември 2024

Идниот тим на Трамп добил закани за бомби, ФБИ знае за тревогите

Неколку члена на идната администрација на Доналд Трамп беа жртви на закани, изјави портпаролката на транзицискиот тим на новоизбраниот американски претседател, наведувајќи тревоги за бомби.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа и утрово повеќе лица назначени од претседателот Трамп да му се придружат на неговиот тим беа жртви на насилни и антиамерикански закани“, рече портпаролката Каролин Ливит во соопштението.

Таа зборуваше за напади што се движеле од тревоги за бомби до таканаречен „свотинг“, практика во која се прават лажни пријави за да се испровоцира доаѓање на полицијата кај целните жртви. Таа не даде повеќе детали.

Американската федерална полиција, Федералното биро за истраги (ФБИ), потврди дека „има сознанија за многубројни закани за бомби и инциденти насочени против лица избрани да ѝ се приклучат на идната администрација“.

„Сите потенцијални закани ние ги сфаќаме сериозно“, се додава во соопштението на ФБИ.

Елиз Стефаник, републиканката од Њујорк што Трамп ја назначи за амбасадор на САД во ОН, во изјава потврди дека била предупредена за закана од бомба во нејзиниот дом.

Претседателската кампања беше една од најтензичните во модерната историја на САД, а беа извршени два атентати врз Доналд Трамп, потсетува Франс прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ