сабота, 16 ноември 2024

Четворица од пет македонски државјани денеска заминуваат од Газа

Пограничните власти на Газа објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа, меѓу нив и на четворица македонски државјани.

Објавено на

часот

Сподели

Палестинските власти ја објавија новата листа со имиња со укажување дека сите што се наоѓаат на неа треба да бидат на граничниот премин во 7 часот утринава.

Министерството за надворешни работи (МНР) вчера ја поздрави одлуката за отворање на граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Македонија.

„Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучено, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани“, соопшти МНР.

Луѓето кои се наоѓаат на листата на странци и со двојно државјанство, објавена од пограничните власти на Газа, покрај четворицата македонски државајани се и од осум од Азербејџан, 50 од Белгија, шест Бахреин, по двајца од ЧАД и Мексико,  По дваесет од Унгарија и Холандија, 23 од Хрватска, 24 од Грција, четворица од Италија и ОН, пет од Јужна Кореа, 17 од Шри Ланка, 11 од Швајцарија и најмногу 400 од САД. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ