Од детската амбасада манифестацијата ја најавија како традиционална и во овој град се одржува шести пат.
„Гости на божиќниот ручек се децата без родители, децата на загинатите бранители, децата со посебни потреби од Скопје, Битола, Ресен, Крушево, од Струмица, Штип и од Прилеп. На ручекот ќе бидат и деца од исламска, католичка, еврејска вероисповед, од Евангелско-методистичката црква. Целта е децата да се дружат, да придонесеме за радоста и љубовта во нивните животи, да се социјализираат и да се обидеме да бидат посреќни во Новата година“, изјави Дамјанчо Стојаноски, генерален секретар на детската амбасада од Прилеп.
Подготвена е и пригодна забавна програма во чии рамки ќе настапат децата од фестивалот „Ѕвездички“ и хорот „Ѕвончиња” од Битола.
Божиќниот ручек в сабота во Прилеп ќе го благослови владиката Петар, а најубави желби ќе им упати и прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.
Детската амбасада годинава, четврти пат ќе го додели орденот за носител на мирот, а добитник е Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на ЕВН, генерален спонзор на манифестацијата
Божиќен ручек за 400 деца во Прилеп
Објавено на
часот