Зошто се одлучив во оваа беседа да ја следам токму мислата за смислата на постоењето? Заради Оливера, се разбира, онаа Оливера која се вгради во своите романи и раскази, од првиот до последниот, и заради онаа Оливера која остана навдор, на мостот, меѓу двата света, со очи ширум отворени кон длабочините на човечката душа, и ум, и тело, и заедница, и време, и простор.
И едната и другата Оливера открија една прикриена, тивка, засенета па сепак светла патека која води кон местата создадени да се здогледа тајнописот на смислата. Оливера беше и остана да биде гатач на загадочното писмо и јазик на човечкото суштество. Тајночатец. Читач на љубовта и на омразата, на доброто и на злото, испреплетени во неразмрсиви јазли. Шеесет години живот целосно посветен на уметноста на јазикот, раскажувањето и книжевноста. Исконска посветеност.
Ненаметлива, достоинствена, самосвесна…
Од раскажувач и драматург на авантурите на детските сништа и мечти, Оливера стана раскажувач и романсиер кој ги промислува авантурите со женствен и феминистички предзнак на жената од нашиве, македонски, балкански и европски простори во минатото и денес. Тоа го направи во повеќето свои книги, но овде ќе ги подвлечам: – романот Адамовото ребро (2000), за којшто го доби Рациновото признание; – романот Куклите на Росица (2004), прогласен за Роман на годината за 2004 година, каде што
женското битие го испреплетува со историското битие на Македонците –
емигранти во Софија; како и книгата новелизирани раскази Лева комора
(2008) кои се интимизирано наративно виножито на женственоста набљудувана од повеќе семејни и општествени агли.
2
2001-та година Оливера го напиша и нејзиниот мал роман – ремек дело Вежби за Ибн Пајко (2000) со којшто ја тргна завесата пред темата на културната хибридизација на индивидуалниот и колективниот идентитет во градот Скопје од преминот меѓу XV и XVI век. Во овој роман, Оливера покажа дека изгубената смисла на постоењето е причина за многу човечки страдања, при што секој човек страда на свој начин. Безбројни се начините на страдањето, причината се сведува на повреда и крах на смислата на
постоењето, а таа смисла по правило е тесно поврзана со некој аспект на
идентитетот и неговата конверзија: верскиот, етничкиот, јазичниот,
социјалниот, емотивниот, семејниот, духовниот, моралниот…
Оливера го скенира феноменот на конверзијата низ призма на неколку актуализации на архетипот на конвертитот во отоманската општествена, културна, политичка и психолошка констелација. Таа ја долови комплексноста на трауматичните, па и трагични стигми кои го поткопуваат интегритетот на индивидуата и на заедницата, а со тоа и смислата на нивното постоење. Таа раскажа, на постколонијален и постмодерен начин, три приказни за хибридниот идентитет карактеристичен за овие простори.
Нејзиното раскажување е толку моќно што е актуелно и применливо и за пост-отоманската епоха, вклучително и за современиот македонски хронотоп.
И во романот Песот со тажен поглед (2019), Оливера го наративизираше проблемот на смислата на постоењето, и кога се губи, и кога се пронаоѓа смислата. Таа предочи други облици на трауматизирање на индивидуата преку примери на неколку идентитети и алтеритети присутни во Скопје за време на балканските и Првата светска војна. Таа, всушност, покажа дека токму кога е загрозен човечкиот живот, кога човекот се соочува со ексклузивни искушенија на животот и смртта, се создаваат услови за артикулација на човештината, на хуманоста и на емпатијата во нивната
суштествена форма.
Во книгата раскази Кадифената покривка – новелети за жени убијКи (2015), Оливера повторно се врати на темата на жената, овој пат во контекст на смислата на живеењето, деперсонализацијата и социотапијата на новите времиња на 20 и 21 век. Таа навлезе во најмрачните предели на женската психа и ја претстави истата, маестрално, како парабола на човечката психа. Жената, и кога е во улога на мајка, или на бунтовник, на револуционер, на терорист, потоа во улога на сопруга и љубовница, секогаш може да најде повод да ја радикализира својата улога и да го
отелотвори архетипот на Убиецот на современ начин.
3
Така, со оваа збирка составена од шест раскази-новелети, втемелени врз вистински историски прототипи и прото-ситуации на жени-убијци (маркизата Мари-Мадлен де Бренвили (17 век); Марта Марек од Австрија (20 век); – Бел Ганис, Норвешка (19-20 век); – Жана Лорет, Белгија и Холандија (20 век)Магзин Пипо (Судан, Англија), 21 век; – Мара Бунева (Македонија) и Менча Карничу (Бугарија), 20 век; – Оливера ја покажа својата раскажувачка генијалност на неповторлив начин. Речиси филмски, расказите рекреираат одбрани ликови на жени од енциклопедиски извори. Тука Оливера се соочува со психо-моралните трауми и со идентитетските пукнатини на жената како таква, вклучително и современата. Нејзината наративна психоанализа ги деконструира парадоксите на човечкиот ум и психа независно од полот, па сепак со свесно одбрана женска интонација.
Мистериозни се патиштата на откривањето на смислата и на пронаоѓањето на себството во чинот на смртта, убиството, жртвувањето и одмаздата. Овие новелети ја покажуваат темната страна на идентитетот и деликатноста на моралниот систем. Тоа го навестува и во шокантните наслови на расказите, полни горчлива и тажна иронија. Едниот расказ, на пример, има наслов со филозофска провокација: „Погледни го сонцето. Што ти вели тоа? Дека имаш само една моќ: не сам да создадеш, туку сам да
скратиш живот…“ Еден друг расказ ја варира психолошката и филозофската
матрица на убиственоста: „Ако го цениш животот, не заборавај дека смртта
му ја дава вредноста“…
Нема сомнение дека мудроста, сензитивноста, ироничноста и смислата на раскажувачкиот свет на Оливера допрва ќе бидат предмет на критичко и херменевтичко дешифрирање. Оливера Николова како раскажувач ги загатна големите парадокси на човечката психа, било таа да има машки или женски предзнак.
Во оваа пригода само сакав да укажам на исклучителното значење на
книжевниот опус на Оливера Николова за македонската книжевност.
Творештвото на Оливера не е сосема непрепознаено во Македонија, но факт е дека можеше и требаше да биде многу повисоко оценето.
Опусот на писателот живее и по неговата смрт. Така ќе биде и со романите и расказите на Оливера. Таа, впрочем, беше суверена кога одбра да биде тоа што беше. Затоа, нема место за жалење, а само за пофалба за оваа наша величествена жена писател, Оливера Николова.

Катица Ќулавкова