среда, 26 јуни 2024

Белингем донесе победа за Англија, Србија не разочара (ВИДЕО)

Англија со гол на Белингем рано во натпреварот ја победи Србија со 1-0, српските фудбалери со исклучок на првата четвртина од мечот одиграа добар натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Англија важи за најголем фаворит на Европското првенство, па очекувањата од нив беа многу поголеми од она што го покажаа.

Момците на Саутгејт тргнаа офанзивно, поведоа со гол на Белингем во 13. минута по асистенција од Сака.

Напаѓаа уште неколку минути по што ја препуштија играта на Србија, а тие се повлекоа. Така беше до крајот на првиот дел.

Таквата игра ја зголеми самодовербата на Србија која беше сосема рамноправна во вториот дел. Англија сакаше да ја контролира играта, но не напаѓаше, бараше контри кои ги немаше.

Во финишот од натпреварот Србите се заканија со убав шут на Влаховиќ од далечина, но Пикфорд го одбрани неговиот удар.

До крајот Србија се обидуваше да го најде патот до голот на Англија, но фаворитот одлично се бранеше и не дозволи да биде загрозена.

Во следното коло Србија игра против Словенија, а Англија ќе ги одмери силите со Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ