„Целта на нашата поддршка не е да го направи НАТО страна во Конфликтот. Станува збор за овозможување на Украина да се одбрани. Тоа е основно правило кое е во Повелбата на ОН“, кажа Столтенберг.
Тој додаде дека очекува од сојузниците, кога ќе се сретнат на самитот на НАТО во Вашингтон следниот месец, да се сложат околу координација и пружање безбедност и обука за Украина.
„Исто така, предложив долгорочен финансиски залог за Украина. На самитот ќе разговараме и за НАТО одвраќањето и одбраната, вклучувајќи ги инвестициите“, кажа Столтенберг.