петок, 15 ноември 2024

Балтичките земји и Украина ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ, незадоволни од потврдата дека Лавров доаѓа во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на нашата заедница на слободни нации, да ги банализира ѕверските злосторства што Русија ги направи, како и очигледно руско кршење и презир на основните принципи и обврски на ОБСЕ“, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на трите балтички земји. Шефот на естонската дипломатија Маргус Цахкна вели дека „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“.

„Факт е дека додека се одржува состанокот на ОБСЕ во Скопје, руската воена машина ги напаѓа недолжните Украинци и депортира деца без око да им трепне. Естонија не може да седне на иста маса со агресорот и да сноси одговорност за последиците што може да ги донесе присуството на Лавров. Тоа е спротивно на нашите основни принципи. Руската агресија против нејзиниот независен и мирен сосед Украина го прекршува меѓународното право и тоа е напад врз ОБСЕ и нејзините фундаментални вредности. Местото на Лавров е на специјален трибунал, а не на масата на ОБСЕ“, наведува Цакхна, чија земја според ротирачкиот принцип требаше да го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година, но поради противењето на Русија и на Белорусија, наместо Естонија на членото место во организацијата ќе дојде Малта како компромисно решени. 

Клучно е, според него, веднаш да се стави крај на агресијата врз Украина, да се повлечат руските трупи од окупираните области, да се плати компензација за уништувањето и да се повикаат на одговорност криминалците.

„Но, нема знаци дека Русија размислува да го следи меѓународното право или принципите на ОБСЕ. ОБСЕ е создаден за да ја обнови европската безбедност, да спречи конфликти и да го одржи мирот. Со своите незаконски и брутални дејствија, Русија постојано докажа дека не е безбедносен партнер за Европа. Во реалноста, на Европа во моментов и е потребна одбрана од и против Русија“, истакнува Цахна во изјавата поддржана од неговите колеги од Летонија, Кришјанис Каринш и од Литванија, Габриелиус Ландсбергис.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ