понеделник, 25 ноември 2024

Бајден: Русија веќе започна да се меша во изборите во САД

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека не постои реална основа рускиот претседател Владимир Путин да користи нуклеарно оружје и дека „Путин веќе ја загуби војната во Украина“, но и дека рускиот претседател на крајот ќе сфати дека не е во интерес на Русија да ја продолжи војната.

Кога станува збор за приемот на нови членки на НАТО, Бајден рече дека приемот на Шведска и Финска „ќе го направи светот побезбеден“, додека, што се однесува до Украина, ќе мора да почека до крајот на војната.

„Никој не може да ѝ се придружи на aлијансата додека е во војна, бидејќи тоа би довело до Третата светска војна. Меѓутоа, Русија не може да одржува војна во Украина со години“, изјави Бајден, пренесе Ројтерс.

Претседателот Бајден во текот на денот се сретна со лидерите на другите нордиски земји, вклучувајќи ги Шведска, Норвешка, Данска и Исланд.

Во разговор со европските лидери, тој рече дека „мирот и безбедноста во Европа се клучни за американскиот народ“ и дека САД и нивните сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на алијансата, вклучувајќи ја и Финска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ