Дополнителниот пакет за безбедносна помош од 61 милијарда долари, кој Конгресот ѝ го додели на Украина во април, вклучуваше околу 10 милијарди долари економска помош како заем. Условите на тогашната понуда му овозможија на Бајден да прости до 50 отсто од тој заем.
„Го презедовме чекорот предвиден со закон за да ги укинеме тие заеми, да ја обезбедиме таа економска помош за Украина, а сега Конгресот е добредојден да преземе иницијатива ако сака“, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Милер додаде дека Бајденовата изјава за намери била доставена до Конгресот минатата недела.
„Иако Конгресот има можност да го отфрли барањето на претседателот, Милер рече дека очекува поддршка од американските пратеници за олеснување на долгот. „Би бил изненаден кога Конгресот би презел таков чекор, со оглед на огромната двопартиска поддршка во Конгресот за давањето помош, но ние ќе го следиме законот“, рече Милер.
Администрацијата на Бајден вети дека ќе ја зајакне помошта за Киев пред претседателската транзиција, односно пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата претседател на САД. Бајден вети дека ќе ги достави преостанатите 6 милијарди долари помош предвидени за Украина пред инаугурацијата на Трамп. Тој, исто така, одобри испорака на противпешадиски мини во Украина и го овласти Киев да напаѓа цели длабоко во Русија со ракетите АТАКМС.