четврток, 5 декември 2024

Бајај РЕ60 е ново нискобуџетно возило (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Индиската компанија „Бајај ауто“ пред почетокот на саемот во Њу Делхи и официјално го претстави своето нискобуџетно возило, „бајај РЕ60“. Ова мало и лесно градско возило, кое тежи само 400 кг, е наречено РЕ60, според емисијата на јаглерод диоксид (ЦО2), која изнесува 60 грама на километар. Го покренува бензински мотор од 200 кубни сантиметри (см3) и 20 коњски сили (КС). Моторот е сместен одзади, а на купувачите ќе им се нудат и верзии на природен гас.
Според најавите на фабриката РЕ60 ќе може да достигне максимална брзина од 70 км/ч, а со еден литар гориво може да се минат околу 35 км. Има место за четири патници (во 2+2 или 1+3 конфигурација). Должината на возилото е 2.752 милиметри, ширината – 1.312 милиметри, а висината – 1.650 милиметри.
Цените ќе бидат дополнително соопштени, а наближува и сериското производство што според најавите би требало да биде за неколку месеци. Неофицијално, РЕ60 во Индија ќе чини од 1.700 до 2.800 евра.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=TZ63fErmYPg]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ