„Во 2019 година, за првпат по цели 13 години, Авто плус, најстариот автомобилски медиум во Македонија, успеа да ги организира и собере македонските увозници и дилери на заеднички собир на кој добија можност да ги презентираат сите новитети и актуелните понуди на своите марки пред пошироката јавност. Сега, три години подоцна, на едно многу повисоко и поорганизирано ниво, Стрит шоу ќе се одржи по третпат, а во меѓувреме успеа да се покаже како исклучително успешна манифестација која дојде како сериозно освежување под македонско небо“, порачува Авто плус.
Како и минатата година, годинешното издание ќе се одржи под отворено небо пред СЦ Борис Трајковски, а посетителите ќе можат на едно место да ги погледнат новите автомобили, мотоцикли и автомобилска галантерија и додатоци.
Авто плус е еден од ретките медиуми кој организира вакви настани за јавноста, покрај Изборот на автомобил на годината и наградата Златно тркало, и нè кани на третото издание на мини-саемот на автомобили под отворено небо.