вторник, 26 ноември 2024

АВМУ: На ТВ Ускана не ѝ било дозволено да снима прилог за училиштето во Пирок

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги реагира по известувањето од ТВ Ускана медија дека на екипа на телевизијата не ѝ било дозволено да снима прилог во врска со бројот на ученици и вработени во Основното училиште „Наим Фрашри“ во село Пирок, Општина Боговиње. Oд телевизијата велат и дека биле оневозможени и од полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата потсетува дека институциите треба да бидат отворени и транспарентни и да вложат максимални напори на претставниците на медиумите да им овозможат непречен пристап до бараните информации.

„Медиумските работници при вршењето на својата работа која е од јавен интерес, треба да се ослободени од какви било закани и заплашувања додека истовремено треба да покажат професионална одговорност и да ги почитуваат етичките и новинарски принципи и стандарди при известувањето“, соопштија од АВМУ.

Телевизијата објави прилог во кој се вели дека се случил невиден преседан. Директорот на училиштето не сакал да се снима прилог и не сакал да одговара на прашања па ја повикал дури и полицијата. Но тоа што зачудува, велат од ТВ Ускана, е што полицијата ја попречувала екипата со еден час испрашување на новинарката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ