Ауди, престижната марка под капата на Фолксваген, оствари рекордна продажба во 2011, благодарение на порастот на побарувачката на луксузни автомобили во Кина и во Русија. Тоа им помогна да се пробијат пред големите ривали БМВ и Мерцедес-Бенц.
Ауди во понеделникот објави дека продажбата им пораснала за 19,2 отсто во минатата година, надминувајќи ги 12,8-те проценти на БМВ и 8,0 проценти на Мерцедес.
Луксузната марка на Фолксваген продала 1,30 милиони автомобили во 2011, споредено 1,38 милиони на БМВ и 1,26 милиони на Мерцедес.
Ауди планира да му го преземе тронот на БМВ како број еден произведувач на престижни автомобили во светот до 2015 година преку пазарите во Кина и во САД, најголемиот светски пазар на луксузни автомобили.
БМВ игра на истата карта и верува дека побарувачката на овие два клучни пазари ќе го одржи на врвот.
Шефот за финансии на БМВ, Фредерик Ајхнер, минатата недела изјави дека очекува пазарот на престижни возила да порасне за повеќе од 8 отсто оваа година, двојно побрзо од другиот дел од автомобилскиот пазар.
Ауди во водство пред БМВ и Мерцедес
Објавено на
часот