Тимот на Артета имаше импресивен старт, Жесус даде гол во седмата минута за 1-0, а три минути подоцна погоди и Одегард за 2-0.
Тој резултат беше актуелен до 33. минута кога Бенрама од пенал намали на 2-1 и го врати Вест Хем во игра.
По седум минути игра во вториот дел беше досуден пенал за Арсенал. Сака го промаши цел гол.
Наместо Арсенал да поведе со 3-1, веднаш по промашениот пенал примија гол, Вест Хем израмни на 2-2 со погодок на Боуен.
Арсенал има четири бода повеќе од Манчестер Сити кој има натпревар помалку.