Како што се наведува во соопштението на универзитетот во Задар, станува збор за внимателно сложени камени плочи, кои биле дел од конструкција широка четири метри, која го спојувала вештачки создадениот остров со брегот.
Со радиокарбонска анализа на зачувано дрво најдено во минатата кампања, целосната населба е датирана на околу 4.900 година пред нашето време. Луѓе оделе по тој пат пред речиси 7.000 години.
Се додава дека истражувањето е плод на соработката на повеќе институции и компании, а покрај лидерот Мате Парица од универзитетот во Задар, учествувале и Домагој Перкиќ од Музеи на Дубровник, Иван Шута и Ведран Катавиќ (Музеј на градот Каштела), Катарина Батур (Универзитет во Задар) Марта Калебота (Градски Музеј Корчула), Едуард Висковиќ (Кантарос), со асистенција на Далибор Ќосовиќ од нуркачкиот центар Лумбарда блу.
Истовремено, на другиот крај на Корчула, археолози на универзитетот во Задар вршат копнени истражувања во близина на Големото пристаниште.
Археолошки тим, кој нурка на локалитетот Солине, извршил преглед на локалитетот Градине и на општо одушевување било утврдено дека на четири до пет метри длабочина има речиси идентична населба како кај Солине.
На локалитетот биле најдени неолитски артефакти, како камени сечила, камени секири, како и остатоци од воденички камен.