На преговорите меѓу Манчестер јунајтед и Рубен Аморим било дискутирано за проектот, визијата, финансиските услови за потенцијалниот договорот… На стратегот му се допаднало тоа што го слушнал и ја прифатил понудата.
Сега на ред се преговорите меѓу Манчестер јунајтед и Спортинг Лисабон. Се верува дека и тие ќе завршат позитивно. Црвените ѓаволи ќе платат околу 10 милиони евра колку што е откупната клаузула во договорот на Аморим со португалскиот клуб.