На една недела пред настапот во ЕХФ Европскиот куп, Алкалоид се загреа со висока победа на гостувањето кај Бисинов во Велeс.
Момците на Кирил Лазаров уште на стартот покажаа моќ и се одлепија на +5 (2-7). Разликата само се зголемуваше и на пауза се замина со 8-19.
И покрај тоа што гостите ротираа, Бисинов никако не можеше да парира, Алкалоид во второто полувреме постојано беше на 10+ разлика, за во финишот дополнително да го подигне ритамот и да слави со 22-40.
Дури 12 различни ракометари се запишаа меѓу стрелците во редовите на Алкалоид, Марко Митев со седум гола беше најефикасен, Петковски постигна шест, а Серафимов пет.