Момците на Кире Лазаров имаа одличен влез во новата сезона, ја забележаа осмата победа во осмото коло и тоа надигрувајќи го актуелниот шампион на Македонија.
Алкалоид го имаше водството од самиот старт (5-3), а потоа се играше гол за гол до 20. минута од средбата (10-9), по што избраниците на Кире Лазаров имаа одлична серија и на паузата заминаа со 16-12.
Во вториот дел домашниот тим го имаше мечот комплетно во контрола, кај Пелистер отпор пружаше само Филип Кузмановски кој немаше поддршка од соиграчите. На крајот Алкалоид славеше со 32-25.
Најефикасен кај Алкалоид беше Серафимов со седум голови, за Пелистер Кузмановски реализираше 11 пати.