„Во дискусијата беше истакнато дека избраните членови на АА во идната влада во рамките на коалицијата Вреди ќе ја одразуваат долгоочекуваната промена, ќе бидат на чело на своите должности и во служба на граѓаните и во одбрана на нивните интереси.
Борбата против криминалот и корупцијата, европскиот пат на земјата и економскиот раст и благосостојбата на граѓаните се основните столбови на идната влада“, се вели во партиското соопштение.