Африканската унија го повтори својот повик до водачите на државниот удар да го ослободат избраниот претседател Мухамед Базум и да ги вратат своите сили во касарната.
Советот за мир и безбедност на Африканската унија ја забележа одлуката на Економската заедница на западноафриканските држави ЕКОВАС да ги активира резервните сили за можна воена интервенција и побара од Комисијата на Африканската унија да ги процени економските, социјалните и безбедносните импликации од распоредувањето на таквите сили.
ЕКОВАС претходно најави дека е подготвена да испрати војници во Нигер доколку не успеат дипломатските напори за враќање на демократијата во таа земја.
Африканската унија ги повика сите нејзини членки и меѓународната заедница да се воздржат од каква било акција што може да и даде легитимитет на нигериската хунта и рече дека остро го отфрла мешањето на кој било актер или земја надвор од Африка.