четврток, 5 декември 2024

19-годишник продавал дрога во Дебар

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Дебар, кај кој претходно е пронајдена марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

„Кривична пријава е поднесена против А.Ц.(19) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Според него, при преглед во возило пежо, во кое се превезувал, полициските службеници кај него пронајдшле и одзедле марихуана.

Дополнително, при преглед кај него пронајдено и одземено било пакување со марихуана.

Деновиве полициски службеници од дебарското одделението за внатрешни работи,  приведоа двајца дебрани Б.М.(22) и Ф.Л.(22), во чиј автомобил пронашле дробилка со остатоци од марихуана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ