петок, 1 ноември 2024

15.000 полицајци ќе го бранат Париз од земјоделците. Тие се заканија: Ќе го опколиме градот

Франција вчера ги засили безбедносните мерки додека земјоделците се подготвуваат за собир во Париз како дел од протестите на земјоделските работници ширум земјата кои бараат подобри услови за живот и работа. Земјоделците во Франција, најголемиот земјоделски производител во Европската унија, се жалат на нелојална пазарна конкуренција од конкуренти од земји со послаба регулатива.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на изминатата недела тие поставија блокади на патиштата за да привлечат внимание на својата позиција. Тие оштетија и имот, вклучително и канцеларии на локалната самоуправа. Некои синдикати на земјоделци ги повикаа демонстрантите да постават блокади околу главниот град денеска и да се фокусираат на големопродажниот пазар Рунжис во близина на Париз.

„Нашата цел е да го опколиме Париз“, изјави земјоделцот Даниел Фошо за телевизијата БФМ додека се подготвуваше да отпатува за Париз во конвој возила и трактори. Париската полиција соопшти дека поради тоа ја зголемува безбедноста околу пазарот Рунжис и аеродромот Роаси.

Објави и видеа на своите социјални мрежи на кои се гледа како оклопни полициски возила заземаат позиции во близина на Рунжис. Министерот за внатрешни работи Џералд Дармин рече дека мерките се наменети да обезбедат трактори да не влегуваат во Париз, но предупреди на прекин на сообраќајот во регионот Ил-де-Франс, кој ги опфаќа Париз и блиските предградија.

Тој додаде дека околу 15.000 полицајци ќе учествуваат во безбедносната операција. „Сообраќајот утре во Ил де Франс ќе биде многу отежнат“, изјави Дарманин.

„Ние губиме дел од нашиот економски раст како резултат на овие блокади на патиштата“, додаде тој. Француските протести следат по слични демонстрации во други европски земји, вклучително и Германија и Полска, пред изборите за Европскиот парламент во јуни, каде што се очекува екстремната десница, за која земјоделците претставуваат сè поважна гласачка база, да оствари добивки.

Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен, противкандидат на претседателот Емануел Макрон на вториот круг од изборите во 2017 и 2022 година, посети некои од демонстрантите во северна Франција. „Мора да го извлечеме нашето земјоделство од тие договори за слободна трговија“, рече таа.

Владата во петокот се откажа од плановите за постепено намалување на државните субвенции за дизелот што го користат земјоделците и најави дополнителни чекори за олеснување на финансиските и административните притисоци со кои се соочуваат земјоделците. Но, тие сакаат повеќе од тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ