Политика

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел разговарал за европската перспектива на земјата и за тоа што треба да се направи за Македонија да добие датум за преговори, но и да стане членка на ЕУ.

25 Јануари 2020 - 10:48

Без напредок завршија вчерашните разговори за законот за јавно обвинителство, откако кусо по почетокот претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата во Собранието со барање на разговорите да биде присутен и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Власта, пак, ваквата постапка на ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како алиби за бегство од процесот на преговори.

25 Јануари 2020 - 09:08

Ова е новиот скандал во кој е замешан Зоран Заев, омилениот премиер на ЕУ, пишува Ларис Кајсер во денешниот број на италијанскиот весник Ла верита. Тој објавува нови документи за тоа како Зоран и Вице Заев поткупувале гласачи во Струмица за време на изборите во 2014 година, за што имало отворено случај кој никогаш не добил судски епилог. Имало ли договор меѓу Груевски, Заев и Могерини?

25 Јануари 2020 - 08:53

Во март во Европскиот совет ќе се водат тешки разговори за методологијата за проширување на ЕУ најави вечерва претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, по средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Сепак тој се надева дека до 26 март ќе се има појасна слика за методологијата и целиот процес на пристапување

24 Јануари 2020 - 22:01

Премиерот Оливер Спасовски го прими претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел кој допатува во работна посета на нашата земја на покана на претседателот Стево Пендаровски.

24 Јануари 2020 - 20:54

Агенцијата за национална безбедност ги доставила до Јавното обвинителство сите информации кои се побарани од нив во врска со случајот со пронајдените доверливи документи кај пратеничката Фросина Ременски, потврди директорот на Агенцијата, Виктор Димовски.

24 Јануари 2020 - 19:15

ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи учеството на вакви средби што ќе се одржат денеска, утре, во недела, понеделник… кога ќе биде обезбедено присуството на јавниот обвинител Љубомир Јовевски. Ова половина час по почнувањето на средбата во Собранието за законот за Јавно обвонителство го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

24 Јануари 2020 - 19:05

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски да присуствува на средбите за донесување закон за јавно обвинителство за министерката за правда Рената Дескоска претставува само обид на оваа парија да го одолговлечи процесот и да не ги дадат забелешките, бидејќи, како што вели, во суштина забелешката им е само една, а тоа е прекинување на сите постапки поврзани со незаконското следење на комуникациите.

24 Јануари 2020 - 18:50

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе инсистираат на јавна расправа за законот за Јавното обвинителство ако биде вклучена експертската јавност и претставници на меѓународната заедница.

24 Јануари 2020 - 18:41

Синдикатот на Клиничкиот центар категорично се спротивставува на иницијативата за формирање синдикат на УКИМ затоа што потекнува од министерот за образование, а се спроведува преку другите работодавци, што претставува директно мешање на власта во синдикалното организирање. Од друга страна ректорот Никола Јанкуловски вели дека формирањето на синдикална организација на универзитетите не е спротивно со ниеден закон.

24 Јануари 2020 - 16:19

Лицата кои навршиле 65 години, а немаат 15 години стаж поради тоа што не им биле платени дел од придонесите, ќе може да ги откупат годините стаж што им фалат за да може да се стекнат со старосна пензија, предвидува Предлог-законот што е на дневен ред на денешната собраниска седница.

24 Јануари 2020 - 16:10

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на утрешната средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел очекува да добие детали за новата методологија, како и за односот на земјите членки кон самата методологија.

24 Јануари 2020 - 14:14

Пред денешната средба на политичките партии и парламентарни групи со министерката за правда Рената Дескоска за законот за Јавно обвинителство, лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека се надева на поддршка од независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Независната пратеничка група, пак, преку соопштение побара увид во предлог законот.

24 Јануари 2020 - 13:46

Во Република Северна Македонија повеќе се извезува отколку што се увезува отпад, изјави денеска заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули по посетата на СУГС „Никола Карев".

24 Јануари 2020 - 13:17

Актуелната локална власт во Битола смета дека легализацијата на планинарскиот дом „Копанки“ е незаконита. 

24 Јануари 2020 - 13:05

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе