понеделник, 27 мај 2024

Струмица го победи Штип и по 11. пат стана шампион на Македонија

По испуштениот куп трофеј, Струмица не дозволи да ѝ избега и титулата во првенството, со 3-1 во добиени парти го победија Штип и по 11. пат станаа шампиони на Македонија во одбојка.

Објавено на

часот

Сподели

Шампионската титула беше заверена на теренот на противникот, во Штип. Струмичани таму отпатуваа со водство од 2-1 во добиени партии, им требаше само уште една победа за заверка на титулата, таа ја остварија вечерва.

Струмица го доби денешниот натпревар со 3-1 во сетови. Гостите почнаа доминантно и го добија првиот сет со убедливи 25-15. Штипјани се кренаа во вториот сет, но струмичани со пресврт во финишот го добија и тој со 25-21 и поведоа со 2-0.

Струмица го почна одлично и третиот сет, но штипјани бодрени од домашната публика не се откажуваа, со голем пресврт го добија сетот со 25-21 и намалија на 2-1 во сетови.

Сепак, не успеаа да направат и комплетен пресврт, Струмица со 25-17 беше подобра во четвртиот сет и ја завери победата од 3-1. Титулата беше одбранета и радоста за струмичани можеше да почне.

И Штип може да биде задоволен од сезоната со освоен трофеј во купот и финале во првенството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ