Во пресрет на натпреварот меѓу Уникс и Енисеј, на Димитријевиќ му беше доделено признанието за најкорисен играч во лигата.
Димитријевиќ одигра 35 натпревари за Уникс во регуларниот дел од сезоната, имаше просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скокови и 1,3 украдени топки.
Уникс првпат заврши на првото место во регуларниот дел од сезоната. Во одлучувачкиот меч за првото место против ЦСКА Москва, Димитријевиќ постигна дури 40 поени, најмногу во кариерата.
„Голема чест за мене е што сум МВП во регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата. Мислам дека тоа е рефлексија на одличната тимска работа која ја направивме за време на сезоната, победувајќи на големи натпревари и обезбедувајќи го првото место. Би сакал да се заблагодарам на ВТБ лигата, мојот клуб Уникс, стручниот штаб предводен од Велимир Перасовиќ, медицинскиот тим и нашите посветени фанови. Посабно сакам да ги посочам моите соиграчи кои ми помогнаа да станам подобар играч“, рече Димитријевиќ.