Тимот на Пеп Гвардиола лесно го преброди гостувањето кое на хартија изгледаше дека може да биде незгодно.
Манчестер Сити поведе уште во 17. минута со гол на Де Брујне, а потоа следуваа два гола на Фил Фоден. Предноста на полувремето беше 3-0, уште тогаш беше јасно кој ќе биде победникот на овој меч.
Во второто полувреме гол даде и Алварез за конечна победа од 4-0.
Манчестер Сити сега има еден бод помалку од лидерот Арсенал, но има и еден натпревар помалку од топчиите.