петок, 18 октомври 2024

Зверев му се одмазди на Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос

Објавено на

часот

Сподели

Алкараз го победи Зверев во финалето на турнирот во Мадрид, но во денешниот двобој на Ролан Гарос, германскиот тенисер беше подобар.
 
Зверев првите два сета ги доби со по 6-4, третиот со истиот резултат му припадна на Алкараз. Во четвртиот се играше тај-брејк кој го доби Германецот со 9-7 и победи со 3-1.
 
Алкараз несомнено е огромен талент, но својот прв грен слем трофеј ќе го бара на некој друг турнир.
 
Зверев во полуфиналето ќе игра со победникот од мега пресметката меѓу Ѓоковиќ и Надал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ