петок, 8 ноември 2024

Саинц победи во Мексико, Ферстапен доби казна и заврши дури шести

Возачот на Ферари, Карлос Саинц е победник на трката за Големата награда на Мексико, ова беше лоша трка за актуелниот шампион Макс Ферстапен кој не се најде на подиумот.

Објавено на

часот

Сподели

Саинц стартуваше од пол позицијата и успеа да ја задржи првата позиција, да се израдува на победа. Место на пиедесталот имаше и за возачот на Мекларен, Ландо Норис како и за Шарл Леклер.

Трката во Мексико ја одбележа инцидентот во кој актуелниот лидер и трикратен шампион Макс Ферстапен беше казнет со дури 20 секунди за неправилно бранење на позицијата против Ландо Норис. На крајот Холанѓанецот заврши на дури шестата позиција на табелата.

Бодови од трката освоија уште Хамилтон кој заврши на четвртото место, петти беше Расел, седмата позиција му припадна на Магнусен, а следуваа Пјастри, Хулкенберг и Гасли.

На четири трки до крајот прв е Ферстапен со 362 бода, Ландо Норис е втор со 315, Леклер има 291.

На табелата за конструктори води Мекларен Мерцедес со 566 бодови, следува Ферари со 537, трет е Ред Бул со 512.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ