среда, 6 ноември 2024

Ивановски победи тенисер од топ 100 на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ја оствари првата победа по враќањето од победата совладувајќи го Американецот Александар Ковачевиќ со 2-0 во сетови во квалификациите за челинџер турнирот во Братислава.

Објавено на

часот

Сподели

Поради долгата пауза Ивановски на турнирот настапи како 928. тенисер на АТП листата, но Македонецот ќе има огромен напредок бидејќи неговиот противник е на 99. позиција.

Ивановски победи во два сета, но по голема борба, и во двата сета се играше тајбрејк. 7-6 (4), 7-6 (3).

Македонскиот тенисер има уште едно квалификационо коло за да влезе на главниот турнир. Ќе игра со победникот од дуелот меѓу Карол и Креси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ