понеделник, 11 ноември 2024

Каратистот Дејан Недев освои бронза на Светското првенство во Аргентина

Македонскиот каратист, Дејан Недев успеа да освои бронзен медал во дисциплината „кати поединечно“ на ИКУ Светското првенство кое се одржува во Буенос Аирес.

Објавено на

часот

Сподели

По пауза од три години од големите натпреварувања, каратистот Дејан Недев стигна до позначаен резултат.

Во конкуренција на 57 каратисти од 44 држави, тој освои бронзен медал во дисциплината „кати поединечно“ на ИКУ Светското првенство кое се одржува во Буенос Аирес.

Од МТКФ брифираа дека Дејан Недев можел и до подобар резултат но судиите направиле превид.

„Недев беше блиску и до освојување на златниот медал, но за жал во полуфиналето беше оштетен од судиите, неговиот противник од Бразил при изведбата на катата изгуби баланс. И покрај таквата грешка, судиите се одлучија да му ја доделат победата на Хозе Вивас Сантос“ – се вели во објавата од МТКФ.

Македонските каратисти за две недели ги очекува уште едно големо натпреварување, во Перу (5-10 ноември) ќе се оджи Светското првенство во традиционално карате.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ