За претседател на Општинската организација во Охрид избран е Мите Костески. За членови на извршен одбор избрани се: Михајло Ванкоски, Лидија Стојановиќ, Драган Танаскоски, Гоце Богданоски, Елизабета Баракова, Ѓоко Пројкоски, Горан Трајкоски, Сања Лазареска, Митко Новески, Марина Ѓоргоска, Елена Ристеска, Александар Кироски.
ЗНАМ активно работи на отворање на повеќе општински организации низ државата, вели Димитриевски.
„Целта е до конгресот, што ќе се одржи некаде на крај на февруари, или прва недела на март да имаме формирано општински организации најмалку на половина од територија на државата. Овој конгрес ќе биде и наш прв конгрес, но ќе има и одредена форма на конвенција, ќе бидат избрани целосно нашите органи и тела, на извршен и централен одбор, ќе бидат промовирани и нашите носители на кандидатските листи за пратеници за сите 6 изборни единици и ќе биде промовиран и нашиот кандидат за претседател на држава, што значи дека движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе има свој кандидат за претседател на следните претседателски избори“, рече Димитриевски.