вторник, 26 ноември 2024

Зеленски ветува одмазда за Чернихив

Објавено на

часот

Сподели

Во вчерашното гранатирање на центарот на градот, кој се наоѓа на северот на Украина во близина на границата со Белорусија, меѓу осумте загинати има и едно дете, повредени се 144 лица.

„Сигурен сум дека нашите војници ќе ѝ дадат одговор на Русија за овој терористички напад – значаен одговор“, рече украинскиот претседател, пренесе Гардијан.

Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко изјави дека повеќето од жртвите биле во возила, дел од нив се враќале од црква кога се случил нападот.

„Нападот се случи на православниот празник Преображение Господово. Четириесет и едно лице беше во болница во саботата“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ