Полицијата во Мерсисајд примила извештаи за истрели од огнено оружје што се слушале во киното Шоукејс на патот Источен Ланкашир, додека маж носел огнено оружје, објави британски Експрес.
Полицијата соопшти дека мажот прво упаднал во блиската трафика и се заканувал на вработениот, барајќи пари, пред да испука еден истрел и да замине со празни раце.
Продавачот не бил повреден за време на инцидентот.
Неполн час подоцна, тој упаднал во кино и ѝм се заканувал на вработените во фоајето, пред да го напушти објектот успеал да испука неколку истрели во воздух и да побегне со автомобил.
Малку подоцна се слушнале нови пукотници на патот Малпас.
Полицијата утринава соопшти дека во Фазаркерли, предградие на Ливерпул, е уапсен 49-годишен маж. Кога се обиделе да го приведат тој бил агресивен поради што употребиле електрошокер.
Тој се товари за поседување оружје со намера да ги загрози животите на другите и за разбојништво, бил приведен во полициската станица во квартот Мерсисајд, каде му е одредена мерка притвор.