„На 25 април во 01.56 часот во СВР Скопје, Љ.К. – вработен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека во неговиот двор во село Ново Село, скопско, било опожарено неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.
Пред неколку дена изгоре службениот автомобил на заменик директорот на затворот Идризово, Феми Јонузи.
За шест месеци ова е петти ицидент поврзан со вработени во затворот во Идризово.
Фото: (Фактор) faktor.mk