сабота, 28 септември 2024

За една недела две пријави за семејно насилство во Дебар

Одделението за внатрешни работи (ОВР) Дебар поднесе две кривични пријави за семејно насилство.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Денеска дебарската полиција поднела кривична пријава против А.Ч.(41) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

„Тој на 10 месецов во 18:30 часот, бил агресивен кон неговата сопруга, вршел психичко малтретирање врз неа и кон нивните малолетни деца“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Неколку дена претходно дебарското одделение поднело кривична пријава против А.Ј.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда при семејно насилство.

А.Ј.  во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга.

Ова се само два од најмалку десетината  регистрирани случаи на семејно насилство годинава, но, според надлежните бројот на ваквите случаи е многу поголем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ