петок, 18 октомври 2024

Второ место за ватерполистите во Истанбул

Објавено на

часот

Сподели

Последната подготовка пред Европското првенство во Ајндховен (Холандија) за Македонија заврши со пораз на меѓународниот турнир „Ханта Михат“, што значеше и второ место на турнирот, откако избраниците на Игор Гончанин претходно ги победија Турција со 11-6 и Холандија со 11-10.

Македонија третпат во својата историја ќе игра на едно ЕП, откако во Малага во 2008 го освои седмото место, а се избламира со последната позиција две години подоцна на ЕП во Загреб во 2010 година. Македонската ватерполо-репрезентација има и учество на едно СП во Рим во 2009 година.

На ЕП во Холандија, кое почнува на 16-ти овој месец, Македонија е во група со Грција, Италија, Унгарија, Холандија и Турција. Втората група ја сочинуваат Србија, Германија, Хрватска, Романија, Црна Гора и Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ