вторник, 26 ноември 2024

Вреди „пикира“ и на изборните едници 3 и 4, ќе има свои кандидати

По изјавата на претседателскиот кандидат Арбен Таравари од неговото крило во Алијанса за Албанците дека ќе имаат свои кандидати за пратеници и во изборните единици 3 и 4, и од Движењето Беса, која партија е дел од коалицијата Вреди, потврдија дека во тие изборни единици ќе учествуваат со заеднички листи на парламентарните избори.

Објавено на

часот

Сподели

И од двете партии нема соопштено ниту едно име, ниту за носители на кандидатските листи и другите кандидати.

„Во ИЕ3 и ИЕ4 ќе имаме кандидати. Имаме повеќе имиња. Ни треба повеќе време да се консултираме. Не се партиски имиња, туку независни имиња. Затоа зедов автортизирање од Централното собрание на партијата за да можеме да ги изберем личностите кои што ќе имаат влијание во тој регион“, изјави вчера Таравари.

Инаку, ИЕ3 опфаќа североисточни, источни и делови од централна Македонија, а ИЕ4 опфаќа општини од јужна и источна Македонија.

Како носители на листи коалицијата Вреди ги одреди Изет Меџити во „единицата“, Африм Гаши во ИЕ2, Биљал Касами во ИЕ6 и Салим Сулејмани во „петката“. Коалицијата ја сочинуваат Алтернатива на Африм Гаши, Движењето Беса на Биљал Касами, Демократско Движење на Изет Меџити, Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, но и „претставници“ од Македонија на косовската партија Самоопределнување на тамошниот премиер Аљбин Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ