понеделник, 30 септември 2024

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот. Од Водовод и канализација информираа дека денеска од 9:30 во прекин е водоснабдувањето на дел од наслебата Визбегово.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 септември зема 201 примерок за физичко-хемиска и 201 примерок за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, информираат утрово од Водовод и канализација.

Овие информации јавното претпријатие ги објавува во рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Од Водовод и канализација информираа дека денеска од 9:30 во прекин е водоснабдувањето на дел од наслебата Визбегово.

Поради дефект на приклучна цевка од 3/4 на улица 1 Визбегово број 10 без вода ќе останат корисниците на дел од улицата Визбегово и дел од улицата Индира Ганди, крак 31.

Како што информираат од Водовод и канализација водоснабдувањето е прекинато во 9:30 утрово и ќе трае до завршување на интервенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ