Отстранети се 40 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Боца Иванова, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта Бутел, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Се интервенираше и на улиците Ресенска, Струмичка, Вуковарска, Цветан Димов и Џон Кенеди во општината Чаир, каде што се отстранети приближно 90 кубни метри непрописно одложен отпад.
Активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден, информираат од Комунална хигиена.