Шефот на воената управа на Киев, Серхи Попко, изјави дека руските сили, како и при претходните напади, користеле јуришни беспилотни летала од типот Шахед, пренесува Укринформ.
„Вечерашниот баражен напад врз Киев беше изведен во бранови и од различни правци. Воздушната тревога во главниот град траеше повеќе од 5 часа“, изјави Попко.
Sleepless night in Kyiv as Russian attack drones entered the city overnight in waves and from multiple directions.
The air raid alarm in the capital lasted more than 5 hours. Ukrainian air defense successfully neutralized all UAVs that posed a threat.
Explosions were also heard… pic.twitter.com/0wJrhxs5gi
— KyivPost (@KyivPost) September 30, 2024
Тој додаде дека сите руски нападни беспилотни летала кои биле лансирани на Киев биле неутрализирани од украинските системи за противвоздушна одбрана.