четврток, 10 октомври 2024

Шкендија убедливо го победи Вардар и се врати на врвот на табелата

Шкендија со 4-0 го доби дербито со Вардар и по ремито на Струга и Гостивар се врати на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Објавено на

часот

Сподели

Прашањето околу победникот во Тетово беше решен во првиот половина час кога Шкендија веќе имаше предност од 3-0.

Серијата голови ја отвори Трумчи уште во третата минута од мечот, десет минути подоцна Ибраими зголеми на 2-0, а Ахмеди во 27. погоди за 3-0. Со тој резултат се замина на одморот.

Во вториот дел гол даде и Рамадан за конечна победа на Шкендија од 4-0.

Мечот го одбелажаа и инциденти, голманот на Вардар, Гачевски со тврд предмет беше погоден од домашната публика.

Струга и Гостивар одиграа нерешени 2-2. Домаќините двапати имаа водство со голови на Кехинде и Компаоре, Гостивар изедначуваше преку Ајдоган и Симоновски.

Пораз од 4-0 забележа и Пелистер во Струмица против Брера, Работнички со 2-1 го совлада Шкупи, Беса со 1-0 победи против Воска, а немаше голови на мечот меѓу Тиквеш и Силекс.

Резултати 8. коло:
Брера – Пелистер 4-0
Беса – Воска 1-0
Работнички – Шкупи 2-1
Шкендија – Вардар 4-0
Струга – Гостивар 2-2
Тиквеш – Силекс 0-0

Табела: Шкендија 17, Гостивар 16, Работнички 16, Силекс 13, Струга 12, Брера 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Беса 8, Вардар 7, Тиквеш 5, Воска 5.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ