Жителите на југоисточните американски држави почнаа со чистење и поправки вчера, откако ветерот на ураганот Хелена, силниот дожд и невремето предизвикаа катастрофални поплави во шест држави од Флорида до Вирџинија, оставајќи милиони луѓе без струја и уништени домови, патишта и мостови.
Најмалку 90 луѓе ги загубија животите во невремето, според Ројтерс, врз основа на податоците на локалните власти во Јужна и Северна Каролина, Флорида, Џорџија, Вирџинија и Тенеси. Си-ен-ен, пак, јавува за вкупно 93 загинати лица.
Според последните податоци, најмногу луѓе, 36, починале во Северна Каролина. Јужна Каролина пријавила 25 смртни случаи, Џорџија 17, а Флорида 11. Вирџинија пријавила два смртни случаи, како и Тенеси.
Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем. Осигурителните компании проценуваат дека штетата предизвикана од ураганот Хелена би можела да изнесува меѓу 15 и повеќе од 100 милијарди долари.