недела, 13 октомври 2024

Светски ден на срцето, национална петиција за подобро кардиоваскуларно здравје

Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија во Скопје денеска ќе го одбележат Светскиот ден на срцето со активност за  потпишување на национална петиција за подобро кардиоваскуларно здравје, од страна на пациентите, професоналната заедница и јавноста.

Објавено на

часот

Сподели

Активноста е во знак на поддршка на Светската федерација на срце, со цел зголемување на свеста за потребата од превенција на кардиоваскуларните заболувања.

„Споделувајќи ја важноста на здравите навики се стремиме да ја зголемиме свеста за потребата  од превенција на кардиоваскуларните заболувања во нашата заедница и потребата од поголемо учество на пациентите и јавноста  во изготвување на национален план за подобро кардиоваскуларното здравје“, порачуваат од ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија.

Според најновите статистики, во Македонија секој ден просечно 25 лица ја губат битката со срцевите болести. Раната дијагностика и соодветната терапија можат да спасат животи. Затоа, се препорачува редовно да се вршат медицински прегледи, апелираат лекарите.

Модифицирачки фактори за срцеви заболувања се пушењето, високиот крвен притисок, високиот холестерол, дијабетесот, прекумерната тежина, физичката неактивност, нездравата исхрана, стресот и алкохолот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ