Истрагата започна кога шпанската жандармерија откри „сомнителни операции“ на шпански компании управувани од либански државјани, во кои беа вклучени големи количини материјали и компоненти за производство на беспилотни летала способни да носат неколку килограми експлозив, се вели во соопштението.
Властите веруваат дека Хезболах направил неколку стотици дронови со овие компоненти.
Шпанските компании, како и други во Европа и ширум светот, купиле компоненти за електронско наведување, пропелери, бензински мотори, повеќе од 200 електрични мотори и материјали за трупот, крилата и другите делови на дроновите, според полицијата.
Тие делови беа користени од Хамас во нивните дронови кои го гаѓаа Израел по почетокот на војната во Газа.
Оттогаш, во израелските воздушни напади врз Либан загинаа повеќе од 450 лица, главно борци на Хезболах, но и над 80 цивили. Од израелска страна загинаа 21 војник и 13 цивили.