На отворањето поздравен говор одржа претседателот на комората Крис Вржовски кој истакна дека новата комора ќе ги унапреди деловните односи помеѓу Македонија и Австралија со посебен акцент на Македонија како атрактивна бизнис дестинација.
На отворањето беше прикажан и видео поздравот од министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски кој ја поздрави оваа комора како нов импулс во зајакнувањето на билатералните односи помегу двете земји.
Во Перт отворена Австралиско-македонска комора за трговија
Во Перт, Западна Австралија денеска се отворија новите простории на Австралиско-македонската комора за трговија и индустрија. На свеченоста присуствуваа амбасадорката на Македонија во Австралија Билјана Стефаноска Сековска и министерот во Владата на Западна Австралија Давид Михаел.
Објавено на
часот