вторник, 19 ноември 2024

Во Крушево почнуваат чествувањата за Илинден

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на чествувањата за Илинден, делегација денеска во 10 часот ќе ја посети Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во Смилево, а пред споменикот на Дамјан Груев ќе положи свежи цвеќиња.

Пред отворањето на Манифестацијата, околу 19 часот, пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево, крушевчани ќе ја пречекаат илинденската коњаница. Пристигнуваат коњаници од повеќе места за потоа да бидат пречекани на Гумење. Во чест на големиот илинденски јубилеј, Државниот архив пред Македониумот ќе ја отвори изложбата на документи и фотографии насловена „120 години Илинденското востание – архивска меморија“.

Делегација од Манифестацијата ќе им оддаде почит на: Веле Марков, пред неговата биста, на Питу Гули, на неговото вечно почивалиште на Гумење, на Тоше Проески, на Илинденските востаници пред криптата и на борците од НОБ на партизанските гробишта.

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ нуди богата програма и целовечерен концерт на повеќе изведувачи.

к

Научна конференција „120 години од Илинденското востание“ ќе се одржи денеска во конференциската сала на старото училиште во Крушево, со почеток во 10 часот. Организатор на научната конференција е Матицата на иселениците од Македонија.

Научната конференција ќе ја отвори претседателот на МАНУ проф.д-р Љупчо Коцарев, а поздравен говор ќе има градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски.

Во рамките на научната конференција во 10.30 часот, проф.д-р Катерина Тодороска ќе го промовира „Зборник на трудови – 120 години од Илинденското востание“, а проф.д-р Ленина Жила ќе ја промовира монографијата „Документи од Државниот архив на Македонија – 5 тома“. На научната конференција со почеток во 11.30 часот ќе се претстават трудовите за Илинденското востание од учесниците Катерина Тодоровска, Владо Поповски, Наташа Котлар Трајкова, Билјана Ванковска, Васил Тоциновски, Ленина Жила и Јасмина Дамјановска, Силвана Сидоровска Чуповска, Валентина Миронска, Благица Сековска, Васил Стерјовски и Васко Гичевски, известуваат од Матица на иселеници.

Во рамки на конференцијата Стојан Герасимов и Костадин Георгиев ќе одржат трибина на тема „Нашата борба за македонството во Пиринска Македонија“.

Планирано е и отворање на изложба „Илинден во иселеничкиот печат“, подготвена од Елена Оровчанец – Спироска, со графичка обработка на Кристијан Петрески.

Покровители на научната конференција се општините Крушево, Прилеп, Карпош, Куманово и Битола. 

Утре, на 2 август, на празникот, чествувањата во Крушево започнуваат изутрината од 9 часот. Бројни делегации ќе се поклонат и ќе му оддадат почит на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев пред неговото вечно почивалиште во куполата од споменикот „Илинден“ на Гумење, во Македониумот. Делегацијата на Собранието, кое е покровител на годинашниве чествувања, ќе ја предводи собранискиот спикер Талат Џафери. Почит ќе им биде оддадена и на загинатите Илинденци пред споменикот во месноста „Слива“, а панихида за загинатите ќе се одржи во црквата „Свети Никола“.

Централното чествување за Илинден е од 11,30 часот на 2 август, на Мечкин Камен. На народниот собир на Мечкин Камен ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ