сабота, 30 ноември 2024

Во две засебни сообраќајки во Струга, еден загинат и шестмина повредени

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, еден час по полноќ на регионалниот пат Струга – Дебар, на влезот во селото Велешта, А.О. од истото село, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

„На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицински центар – Струга. Увид извршија јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга“, информира портпаролот Стефан Димоски.

Според него, синоќа во 22 часот и 30 минути на регионалниот пат Охрид – Струга – село Радожда, во близина на мост на реката Сатеска, се случила сообраќајна несреќа меѓу патнички возила „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј. од Струга и „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б. од охридското село Љубаништа.

„Притоа, возачот Н.Ј. и неговата сопатничка А.Ј. од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот Т.П. од Вевчани, И.Б., која го управувала возилото „ауди“ и нејзините сопатнички С.Т. и М.Н., двете од Охрид, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, појасни Димоски.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ