понеделник, 9 декември 2024

Гостиварци измамени, но и мамеле преку веб-апликации

На 28.11.2024 во 14.30 часот во ОВР Гостивар, 42 – годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена од едно лице.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, на 25.11.2024 преку социјална мрежа нашла веб-страница на која прво требала да уплати одредени парични средства и да изврши задачи за да ѝ биде исплатена заработувачката. Како што е пријавено, откако во два наврати уплатила вкупно 170 долари и ги извршила задачите, едно лице ѝ се јавило и барало да уплати уште пари, по што сфатила дека е измамена. Исто така, според пријавеното, после тоа на интернет нашла друга веб-страница и побарала помош да си ги врати парите и преку социјална мрежа стапила во контакт со едно лице, кој преку апликацијата влегол во нејзиниот телефонски уред и од нејзината банкарска сметка резервирал 119.000 денари и потоа ѝ се јавил и побарал уште 200.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Р.(24) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на март 2024 година, едно лице побарало помош од пријавениот за да му се отклучи апликација на неговиот мобилен телефон, по што пријавениот му кажал дека треба да плати 2,99 евра со платежна картица и побарал слика од картичката, на што тоа се согласило. На 14.03.2024, оштетениот добил СМС пораки во вид на известување, дека од неговата платежна картичка се извршени повеќе плаќања на веб-страна, при што му биле одземени 529.051 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ