понеделник, 25 ноември 2024
Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: За хаосот во ЈСП виновни се СДС и коалицискиот партнер Арсовска

„СДС се единствено одговорни за хаосот во ЈСП. Директорот на ЈСП е нивен партиски активист, тој гордо се слика во нивниот централен штаб. Данела Арсовска е коалиција на СДС. Тие водеа еден фронт против ВМРО-ДПМНЕ кој беше катастрофално поразен на изминативе избори“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ со кое беше оценето дека за хаосот во ЈСП и за пожарите на депониите во Скопје се виновни ВМРО-ДПМНЕ и „нивната миленичка Арсовска“.

Објавено на

часот

Сподели

„Има уште една работа која ќе ги спојува СДС и Данела Арсовска во иднина. И СДС и партијата на Данела Арсовска за која никој не знае како се вика ќе немаат пратеници во Собранието, затоа што ги уништија и Скопје и Македонија. И Скопје и Македонија ќе се кренат на нозе, ќе има раст и развој, без Арсовска и без СДС“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ