недела, 17 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Во предлог буџетот за 2025 се предвидуваат 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на развој и економски раст што резултира со подобар животен стандард на граѓаните. Во предлог буџетот за 2025 година на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ предвидени се рекордни 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции, се вели во денешното соопштение на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Во оваа сума колку за илустрација вклучени се проекти како патната инфраструктура за коридорите 8 и 10д, потоа експресни патишта, железници, изградба на објекти. Во работата на овие капитални инвестиции ќе бидат вклучени сите надлежни министерства.
Дека Владата е насочена кон развој се гледа и од основниот податок за зголемување на средствата за Министерството за транспорт за речиси 70 проценти или околу 7 милијарди денари повеќе. Потоа најголем дел од предвидените расходи се за капиталните проекти.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ со буџетот за 2025 планира инвестиции во инфраструктура, училишта, градинки, болници и други јавни објекти. Работиме на реализација на капитални инвестиции кои  водат кон економска трансформација на Македонија и подобар животен стандард на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ